Вчера од 17:40 до 19:00 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишија од слобода А.М.(38) и Б.М.(30), двајцата од Кавадарци и Ј.В.(32) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од Р.П.(30) од Кавадарци, дека му упатувале закани нему и на член на неговото семејство, појаснија од СВР – Велес.
Тие биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што истакнаа од СВР – Велес, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

