Приведени насилниците од Штип - Чулев на Facebook ги објави нивните идентитети

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека насилниците кои тепаат девојка во Штип се приведени.

-Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р, напиша Чулев на ФБ.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е Основното јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.

Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за...

Posted by Наќе Чулев on Thursday, 2 April 2020

02.04.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега