Приведени крадци од Куманово

Денеска (02.02.2023) во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ј.Л.(34) и Д.Б.(36), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека на 30.01.2023 со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Драган Стопаревиќ“ во Куманово и одзеле пари.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

02.02.2023 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега