Приведени две лица во Тетово барани со потерница

 

Вчера попладнето во 17:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле 27-годишниот Р.Б., од долнореканско Врбјане, кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната, информира МВР.

Истиот ден, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 48-годишниот тетовец Х.Ф., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Х.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега