Приведени две лица во Македонска Каменица- за други две поднесени кривични

Две лица биле уапсени, а за уште две биле поднесени кривични пријави поради поседување на дрога.

„На 15.10.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода В.С.(27) и В.М.(22), двајцата од Македонска Каменица, затоа што при преглед кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.М.(38) од струшкото село Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.02.2020 на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.  

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(20) од Охрид, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, бидејќи полициски службеници кај Б.Н., при извршен преглед во такси возило во кое бил заедно со И.М.(38) од Охрид, пронашле и одзеле марихуана.“ соопштуваат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа