Приведени двајца измамници од тетовско кои од келнер одзеле 18.000 денари

 Во текот на вчерашниот ден две лица од Тетово и Мала Речица се приведени откако биле пријавени за измама. Тие од келнер успеале да земат 18 илјади денари во неколку наврати така што му рекле дека ги испраќа познат бизнисмен на кого итно му требале пари да му бидат доставени.

– Вчера околу 13 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Д. (24) од тетовска Мала Речица и Р.М. (46) од Тетово, кои претходно биле пријавени од вработен во угостителски објект дека изминатата ноќ лажно претставувајќи му се во име на друго лице, управувајќи такси возила, во неколку наврати го измамиле, а тој им исплатил 18 илјади денари, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 247 од Кривичниот законик.

23.06.2022 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега