Приведени двајца дилери на дрога

Приведени двајца дилери на дрога на автопатот Миладиновци – Штип

„На 09.10.2020 околу 21.30 часот на автопатот Миладиновци – Штип, кај клучка Север, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, ги лишиле од слобода Ф.А.(19) и А.Н.(20), двајцата од Штип, затоа што при преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.А., а сопатник бил А.Н., била пронајдена марихуана“ соопшти МВР.  

 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2020 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа