Приведени четворица дилери во Тетово - меѓу нив двајца малолетници

 Двајца жители на Тетово се приведени откако во два одвоени случаи попречувале полицајци да извршат претреси, информира денес СВР Тетово.  Во првиот претрес на улица „Иво Лола Рибар“ при преглед на четири лица и на две возила пронајдена е марихуана.

-Полицајците ги привеле четирите лица, но при тоа биле попречувани во вршење на службените дејствија околу лишување  четворицата од 23 годишник. Потоа и тој е приведе и задржан во полициска станица. Меѓу четворицата приведени се двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години како и А.Ј (25) и К.Ш (20) од Селце, информираат од СВР Тетово.

Нешто подоцна друга полициска екипа на улицата „113“ при обид да изврши контрола и претрес на насобрана група лица привела 26 годишник од градот кој им сакал да ги попречи во извршувањето на претресите. Тој во алкохолизирана состојба ги навредувал и омаловажувал полициските службеници при вршење на службени дејствија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа