Приведени четири странски државјанки - забавувале гости во бар во Гостивар

Четири странски државјанки утрово се приведени во полициска станица под сомнение дека нелегално работеле во угостителски објект во близина на Гостивар.

Според СВР Тетово, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар спроведеле акциска контрола утрово околу 1:30 часот во угостителски објект лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово.

Во локалот сопственост на Р.Б. (46) од Гостивар биле затекнати четири странски државјанки, од кои три од Република Албанија и една од Република Косово. По извршената контрола биле лишени од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега