Приведени четири лица за издржување затворска казна до пет години

 

Приведени четири лица за издржување затворска казна до пет години

„На 07.10.2020 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.М.(31) од Куманово за издржување казна затвор од петгодини во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за сторено кривично дело „разбојништво", по член 237 став 4 од Кривичниот законик. 

На 05.10.2020 во Куманово, полициски службеници од СВР Kуманово, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.Р.(21) од Куманово за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 од Кривичниот законик, една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 5 од Кривичниот законик и за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 5 од Кривичниот законик во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. 

 

На 07.10.2020 во 16.45 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Ш.С.(63) од Гостивар за издржување казна затвор за сторено кривично делопо член 130 од Кривичниот законик. На 07.10.2020 во 19.50 часот во Гостивар, полициски службеници од одделението за потраги од ОВР Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле В.Б.(59) од Гостивар за издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Тетово“ информираат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега