Приведени 12 танчарки во угостителски објект во Тетово

Во полициска контрола во угостителски објект во тетовското село Горно Седларце, општина Боговиње, биле затекнати 12 девојки кои работеле како танчерки. Седум од нив биле од Албанија и пет од Република Северна Македонија.

Албанските државјанки, по задржувањето во Полициската станица Тетово, биле предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега