Приведена Албанка во Тетово која имала забрана за влез во Македонија

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 19:45  часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода и привеле 46-годишната Е.Л. од Република Албанија, поради илегален влез во Република Македонија, иако претходно имала забрана за влез во државата. 

Во Основниот суд Тетово изречена ѝ е безбедносна мерка „протерување на странец од РСМ со забрана за повторно влегување“ во времетраење од една година, по што од полициски службеници била депортирана и предадена на пограничните органи на Република Албанија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега