Приведен жител на Подгорци баран со потерница

Триесет и две годишно лице барано со потерница за издржување затворска казна од две години фатила вчера полицијата во струшкото село Велешта.

Секторот за внатрешни работи Охрид денеска соопшти дека полициски службеници од полициското одделение Велешта го привеле А.А. од струшкото село Подгорци.

Лицето било барано со потерница од Основниот суд во Струга за издржување казна затвор во траење од две години. А. А е спроведен во Казнено поправната установа затвор Струга, информира СВР Охрид. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа