Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово

 

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово поради непочитување на здравствените прописи за време на пандемија.

„На ден 05.11.2020 година во 22.35 часот од страна на инспектори при Одделението за криминалистичка полиција Тетово, од слобода е лишен Е.И.(31) од с.Д.Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл.206 од Кривичниот законик.“ информираат од полиција.

При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај Одлуката на Владата на Република Македонија  за работното време на угостителските објекти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа