Приведен скопјанецот кој беше страв и трепет за жените

 

Во 19.30 часот во Полициската станица Чаир бил приведен 20-годишниот А.Ф.  од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик на Република Македонија.

По преземени мерки било утврдено дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

 

 

 

08.11.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега