Приведен скопјанец- во неговиот дом биле пронајдени куршуми и пиштол

Скопјанец бил приведен откако во неговиот дом при претрес полицијата пронашла оружје и куршуми.

„На 07.10.2020 во периодот од 06:00 до 07:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домот и други простории на лицето Н.Б.(51) од с.Копаница, скопско.

При претресот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 9 мм наменети за полуавтоматски и автоматски пиштоли и еден пиштол“ соопштуаат од МВР.

Н.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа