Приведен скопјанец кој бил баран со потерница

 Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода И.К.(53) од Скопје.

Како што соопшти МВР, И.К. бил лишен од слобода во 15:30 часот на улица „Втора македонска бригада“ во Скопје. Тој бил баран по Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик.

Лицето, како што најави МВР, ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

25.11.2022 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа