Приведен шестиот член на организираната група за криумчарење мигранти, за сите одредена мерка притвор

По преземени соодветни мерки и активности полицијата го приведе Д.В. од Богданци, еден од шестмината членови на организираната криминална група за криумчарење на мигранти, која беше сузбиена на 6 октомври. Претходно беа приведени четири лица, а едно од претходно е на издржување на мерка притвор.

– На 6 октомври од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, беше спроведена координиранаполициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-Липковскиот регион, соопшти денеска МВР.

Петмината приведени беа изнесени пред судија на претходна постапка и за сите е одредена мерка притвор во траење од  30 дена. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега