Приведен маж од неготинско поради обид за тешка кражба

Вчера во 23.50 часот во с.Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.В.(46) од с.Пепелиште. 

„Тој се сомничи дека со остар предмет скршил стакло од продажен објект во селото, сопственост на Р.З.(65) и се обидел да изврши „тешка кражба“. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а С.В. бил задржан во полициска станица“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

24.11.2022 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа