Приведен кумот на Груевски - Обвинителството отвори истрага за плацевите на Водно, вмешани Мијалков, Камчев и мајка му

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција утринава полицијата го привела Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски, дознава САКАМДАКАЖАМ.мк. 

Новачевски и уште една група, како што пишува СДК.мк, се осомничени за сторено кривично дело перење пари, со кои купиле плацеви на Водно. 

Обвинителството покрај Груевски и и неговиот кум Новачевски, за перење пари ги сомничи и братучедот Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.  Камчев, Мијалков и Јосифовиќ се осомничени заедно и во „Империја“. Неофицијално дознаваме дека плацевите гласеле на нивни фирми.

Сите осомничени се со претходно изречени мерки за обезбедување присуство, само Новачевски не е.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега