Приведен крадец баран со централна потерница

Утрово во 10.20 часот на ул.„Тодор Чангов“ во населба Лисиче, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје, информира МВР.

МВР во соопштението откри дека Н.Н. бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.

05.10.2022 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега