Вчера во 22:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ј.(38) од село Дреново, кавадаречко. Претходно, тој управувајќи патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое сопатник бил М.И.(25) од село Возарци и уште едно лице, а во кое превезувал и огревно дрво, на крстосница од булевар „Македонија“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Цветан Димов“ во Кавадарци поминал на црвено светло на семафор.
По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци и по извршена контрола било констатирано дека возилото било нерегистрирано, В.Ј. го управувал пред да се стекне со право за управување од „Б“ категорија и поминал на црвено светло на семафор. Дрвата, кои биле без соодветна документација, со потврда биле одземени и предадени на шумска полиција.
Со сопатникот М.И. бил извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител В.Ј. бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Трамп не исклучува копнена офанзива: „Не велам дека нема да има војници во Иран“
- Грција испраќа воен брод и борбени авиони на Кипар
- Доаѓа Руте – утре посебен режим на сообраќај во Скопје
- Ирански амбасадор: Иран ќе ги гаѓа американските бази во Европа „доколку е потребно“
- Руте дециден: НАТО не учествува во нападите врз Иран, тоа е операција на САД и Израел
- Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка
- Геополитички промени и нови закани: Макрон ја зајакнува нуклеарната стратегија на Европа
- Испливаа детали: Еве како Трамп издал наредба за напад на Иран


