Приведен гостиварец за издржување казна затвор од 3,5 години

 Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар синоќа, во 21 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и други простори кај Б.Р. (38) од Гостивар и го привеле за издржување казна затвор од три години и шест месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Како што соопшти МВР, Б.Р.  се товари за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега