Приведен дилер од Скопје

Утрово, полицијата уапсила дилер од Скопје, на 47 години.

„Денеска (21 .09.2021) околу 09.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(47) од Скопје. При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, саксии со канабис,  гранки со цвет од канабис и суви гранки од канабис“-се вели во писменото соопштение на МВР.

Виновникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

21.09.2021 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа