Приведен Албанец кој на граничниот премин „Ќафасан“ бил фатен со кокаин

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 23-годишниот Р.К. од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 09.10.2020, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан - Струга сопреле возило „голф“, во кое бил пријавениот и при преглед кај него биле пронајдени 50 грама кокаин. На Р.К. му е изречена мерка притвор. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега