Полицијата во Тетово лиши од слобода 57-годишен маж кој подолг период вознемирувал млада девојка. Инцидентот е документиран откако 18-годишната тетовка го пријавила случајот во полициската станица.
Според информациите од СВР Тетово, приведеното лице со иницијали Е.И. (57) било уапсено завчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“. Полицијата постапила по претходна пријава од оштетената девојка.
Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и неовластено ја снимал со својот мобилен телефон.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

