Притвор за политичарката која усмрти човек: Опозицијата во Хрватска доби ново име

 

Едномесечен притвор поради страв од повторување на делото и е одреден на Вера Бегиќ-Блечиќ, функционерка на хрватската СДП (Социјалдемократска партија) во Хрватска, затоа што во четвртокот под дејство на алкохол предизвика сообраќајна несреќа во која загина едно лице, откако во Ријека возеше во спротивна насока со два промили алкохол во крвта.

Бегиќ и лани учествуваше во сообраќајна несреќа под дејство на алкохол.

Токму затоа, врие од коментари во Хрватска. Од СДП најавија суспензија, а водечкиот ХДЗ (Хрватска демократска заедница) веќе им смислија нов прекар: СДП - „Само два промила“.

 

 

 

18.08.2018 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега