Притвор за еден од лидерите на Грчец мафијата - Скопската полиција објави војна на крими групите

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 35-годишниот  Зекирија Љатифи и 41-годишниот Абдулрахим Љатифи од Грчец,скопско, за „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи" за настанот на 07.12.2019 година во селото Грчец каде беше пронајдено и одземено оружје.

На Зекирија Љатифи кој беше лишен од слобода, му е одреден притвор од 30. дена од страна на судија на претходна постапка, додека на второпријабвениот му е поднесена кривична пријава за делото, во негово отсуство.

Двајцата се познати на полицијата одамна како сторители на криични дела од областа на насилниот криминал и недозволена трговија со дрога и оружје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега