Притвор за чичкото кој ги малтретирал внуците во Градски парк

Кривичниот суд му изрече мерка 30 денa притвор на чичкото кој ги малтретирал своите внуци во Градскиот парк. Како што претходно беше објавено, вчера во Градскиот парк во Скопје тој го врзал за дрво 10-годишниот внук, кој имал аутизам, а со прачка ја тепал неговата 10-годишна сестра, објави Макфакс.

Случајот бил пријавен од минувачи кои ги снимиле настанот, а Единицата за насилен криминал поднесе пријави до обвинителството за малтретирање и запуштање дете.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот 46-годишник едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност.

Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Осомничениот е спроведен во Истражниот затвор во Шутка. ​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега