Притвор за 26-годишен дилер на дрога од Велес

Основниот суд Велес по барање од Јавното обвинителство одреди 30-дневен притвор за 26-годишен велешанец кој дилал дрога.

-Осомничениот во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 1229 грама сместена во 4 стаклени тегли и наркотична дрога – хашиш во количина од 1.04 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата е пронајдена и одземена при вршење претрес од овластени полициски службеници врз основа на Наредба донесена од судија на претходна постапка, велат од Јавното обвинителство.

Оваа мерка е побарана поради основан страв дека осомничениот може да се даде во бегство или со влијание врз сведоци да ја попречува истражната постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега