Притвор од 30 дена за десет лица кои учествуваа во нападот на полициските службеници

 Притвор од 30 дена добија десет лица кои во четвртокот вечерта учествувале во нападот на петмината полициски службеници, од кои еден беше потешко повреден.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, издадена е наредба за спроведување на истражна постапка за овие десет лица, поради основано сомнение дека се соизвршители и сториле кривично дело „напад врз службено лице“.

Осомничените во четвртокот околу 20 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот „Св Ѓорѓија” во селото Присад, физички нападнале петмина полициски службеници од Полициското одделение во Чашка. Полицајците забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Едно од возилата побегнало, а другите две, едното марка „Гранд Чироки“, а другото марка „Лада Нива“ биле сопрени и во нив се пронајдени бесправно исечени дрва.

Додека полициските службеници изготувале записник во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по полициските службеници и службеното возило на полицијата. Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите се задобиле со набиеници по главата и телото. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега