Пристигнуваат шест работници од Кина, поминале 14-дневен карантин пред поаѓањето

Шест работници од Кина кои биле подложени на 14-дневен карантин поради пред нивното доаѓање, ќе пристигнат во Македонија и ќе работат во западниот дел на државата. Карантинот е превентивен поради коронавирусот.

Д-р Гордана Кузмановска вели дека се во постојана комуникација со патниците, нашти и странски граѓани.  Според неа, воспоставени и имплементирани се сите процедури на граничните премини и сувоземни и на аеродромите.

– Пристигнуваат шест од работниците од Кина, кои таму беа подложени на 14-дневен карантин пред нивното доаѓање, а кои работат во западниот дел на државава. Тие ќе бидат соодветно пречекани од наши здравствени работнции и во зависност од тоа каква им е здрвствената состојба, во каква состојба се, после земена епидемиолошка анкета ќе се утврдат натамошни мерки. Можно е нивно 14-дневно задржување и тука во нашата држава пред да почнат со работа, истакна д-р Кузмановска.

Вели дека согласно сите процедури, нема дополнителна информации за наши грѓаани кои се позитивни на коронавирусот во странска држава.

Посочи дека согласно сите процедури немаат дополнителни информации за наши граѓани кои се позитивни или болни во некоја од другите земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега