Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа прес-конференција пред салата „Борис Трајковски“, на која најави брза нормализација на јавниот превоз и преземање мерки против злоупотребите во јавните претпријатија.

Ѓорѓиевски најави враќање на приватните превозници во градскиот транспорт, што е дел од активностите за решавање на клучните проблеми на граѓаните.

Од понеделник ќе започнат со работа 55 приватни автобуси, за кои за помалку од 48 часа се постигнати договори и потпишани лиценци.

До Нова година дополнително ќе бидат вклучени најмалку уште 20 приватни автобуси.

Март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови автобуси.

„Целосно ќе го нормализираме градскиот транспорт. Ова е почеток на решавање на сообраќајниот хаос и создавање алтернативи за граѓаните“, истакна Ѓорѓиевски.

Дел од линиите ќе ги држат приватните превозници, дел ќе бидат комбинирани со ЈСП, без одземање на линии од ЈСП. Градоначалникот најави и ревизија на возниот ред и линиите.

Градоначалникот посочи дека финансиската состојба на градот е сериозна, со само 40 милиони денари на сметката и значителни долгови на јавните претпријатија.

Exit mobile version