Пристигна првата пратка вакцини „Спутник В“

На Скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка вакцини од рускиот производител „Спутник В“. Ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на – 18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат ставени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје. Како што изјави министерот Филипче, вакцинацијата веројатно ќе почне во среда.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.

Рускиот амбасадор рече дека вакцината ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст.

Филипче вели дека и рускиот производител е под голем притисок за производство и испорака на вакцините, исто како и сите останати произвотели.

-Во однос на вакцинацијата, има препорака во упатството за претпазливост само кај трудници и доилки и никаква друга контраиндикација. Значи, продолжуваме со националниот план каде што најстарите граѓани со хронични болести, и тоа што денеска и вчера работеа претставниците на нашиот тим кој го изготвуваше планот. Веројантно дека ќе бидат и луѓето сместени во старечки домови, појасни Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа