Прирачник за танцување за децата со Даунов синдром

 

На Факултетот за музичка уметност-Скопје денеска ќе биде промовиран прирачник кој беше подготвен како дел од проектот „И јас сакам да бидам балерина“, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ. 

Организатори се Центарот за Даунов синдром во соработка со ФМУ, Катедра за балетска педагогија - современ танц и професорката Искра Шукарова. 

Тимот кој работел на овој проект верува дека децата со Даунов синдром имаат потенцијал и желба за танцување и јавни настапи. Сметаат дека правилниот пристап и методологија може од нив да направи дисциплинирани, посветени и креативни танчери.

Организаторите преку оваа публикација сакаат да почнат дебата и практика на инклузија во сите училишта по танц низ Македонија. 

Посетителите ќе добијат бесплатен примерок од прирачникот и најновиот број на списанието „Down Syndrome 21+“ и ќе може да ја набават сликовница „Девојчето на ридот“.

 

 

 

17.05.2018 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа