Припадник на вооружените сили на БиХ почина од коронавирус, вкупно 33 лица заразени меѓу војниците

Во болницата Касиндо-Лукавица во Источно Сараево вчера почина З.Ц., член на вооружените сили на Босна и Херцеговина, како последица на Ковид-19, соопшти тамошното Министерството за одбрана.

Починатиот бил дел од Оперативната команда на Бригадата на воздухопловните сили во касарната „Рајловац“. Ова е втор член на вооружените сили на БиХ кој починал како резултат на инфекција со вирусот Ковид-19.

До 6 јули 2020 година, вкупно 33 лица биле заразени во вооружените сили на БиХ од почетокот на пандемијата, од кои двајца починале, 11 закрепнале, а 20 се водат како заразени.

Во согласност со ситуацијата низ целата земја, регионот и пошироко, Министерството за одбрана и вооружените сили на БиХ преземаат мерки за заштита од пандемијата, а во моментов се ангажираат ресурси за да им помогнат на цивилните структури во ублажување на ефектите од Ковид-19 на 11 локации.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега