Припадник на Алфите треба да сведочи во случајот „Монструм”

Последните сведоци предложени од одбраната во случајот „Монструм” денеска во Кривичниот суд Скопје, е предвидено да го дават својот исказ. Според најавите од претходното рочиште, денеска треба да сведочат тројца сведоци, од кои еден припадник на полициската единица Алфи. Со завршување на ова фаза следува подготвителен период за завршни зборови.

Повторувањето на судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012 го води судиската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани. Додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа