Припадниците на Армијата пуштени на домашно лекување по вчерашната сообраќајка

Ниту еден од повредените припадници на Армијата во вчершната сообраќајна несреќа не е задржан во штипската Клиничка болница. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА изјави дека сите повредени се испратени на домашно лекување.

Според лекарите кои вчера ги прегледуваа 16 припадници на Армијата,  возачите на автобусот и на комбито се со телесни повреди, вообичаени набиеници и скршеници.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова истакна дека сега ќе се чека да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Несреќата се случи вчера пред седум часот на патот Радовиш-Штип кај местото викано „Осми километар“, при судир на автобус и комбе. Припадниците на Армијата со автобусот патувале од Радовиш и Струмица,  кон работните места во касарните во Штип и Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега