Принцот Вилијам има индиско потекло?

Принцот Вилијам, додека чека за еден месец по првпат да стане татко, во меѓувреме открива дека има индиско потекло, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Имено, истражувачите од Универзитетот во Единбург тврдат дека ДНК на внукот на кралицата Елизабета Втора е поврзан со ДНК на жена која била половина Индијка.

Генетичарот Џим Вилсон од шкотскиот универзитет истакнал за „Тајмс“ дека индиските корени на принцот Вилијам се апсолутно „неспорни“. 

најчитано сега