Принцот Хари наполни 35 години: Меган му честиташе роденден со емотивна порака

Меган Маркл јавно, со емотивна порака му го честита 35. роденден на својот сопруг, британскиот принц Хари.

На официјалниот профил на Инстаграм на Сасекс Ројал беше објавен колаж фотографии од принцот Хари од раѓањето до крштевањето на неговиот син Арчи, а во описот на објавата се наоѓа порака од неговата сопруга Меган Маркл, која ги воодушеви обожавателите на оваа кралска двојка.

„Твојата посветеност кон целите кои ви се толку многу важни , длабоко секој ден ме инспирираат. Ти благодарам што си толку добар сопруг и најдобар татко на нашиот син. Ние те сакаме и ти посакуваме најсреќен роденден“, се вели во пораката.

Фановите забележаа и необјавена фотографија од крштевањето на Арчи, која е последна во низата од колажот. Принцот Хари во моментов е шести по ред за британскиот престол, по татко му Чарлс, братот Вилијам и неговите три деца Џорџ, Шарлот и Луис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега