Принцот Хари конечно призна дека не е во добри односи со својот брат, принцот Вилијам

Принцот Хари конечно призна она што низ јавноста веќе две години се шпекулира, а тоа е дека не е во најдобри односи со постариот брат Вилијам.

Вилијам и Хари се синови на покојната принцеза Дајана и принцот Чарлс, а од детството тие двацата беа неразделни.

Поврзани со трагедија, прераното губење на мајка си  ги направи најдобри пријатели. Така беше до пред три години, кога Хари ја запозна Меган, неговата сегашна сопруга и почнал да се дистанцира од остатокот од семејството, па и од својот брат.

Сега Хари во експлузивно интервју за британката телевизија ИТВ пред каменра призна дека не е во добри односи со брата си.

„Има работи кои се неизбежни и еноставно се случуваат, но ние сме браќа и секогаш ќе останеме браќа. Засега сме на различни патишта- рекол Хари.

Британските таблоиди со месеци пишуваа дека браќата се во лоши односи, бидејќи Вилијам му рекол на Хари дека неговата врска со Меган оди пребргу и дека можеби и не е најпаметно да се жени после само една година врска. За разлика од Вилијам и Кејт кои биле 8 години во врска,па Кејт имала време да се прилагоди на кралското семејство.

Друга причина е дека Хари неодамна ја одвои и својата добротворна организација од кралското семејство, а се отселил и од палатата, што е исто необично бидејќи кралското семејство живее заедно.

„Секогаш ќе бидам тука за него, а знам дека и тој за мене. Имаме добри денови и лоши денови, н ние сепак сме браќа. Не се гледаме како порано зошто и двајцата имаме премногу обврски, но го сакам со сето мое срце“ рекол Хари.

Во истото интервју Меган рекла дека другарките ја советувале да не се мажи за Хари бидејќи британските таблоиди ќе и го уништат животот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега