Принцот Хари имал сериозни проблеми со бесот?! Откриени детали кои досега не сме ги знаеле – таа го смирила!

Биографот на покојната принцеза Дајана, Ендру Мортон, ги изненади многумина со тврдењето дека принцот Хари „не знаел што со себе“ се додека не ја запознал Меган Маркл. Тој го опиша како „исклучително лут човек, кој дури имал и сериозни проблеми со бесот“.

– Мислам дека таа инсистрирала Хари да побара помош кога се запознале, кажа Мортон во разговор за „Ројал“, пренесува Дејли меил.

Меѓутоа, две или три години наназад, тој бил многу лут маж и буквално „не знаел каде удира“. Папарацо фотографиите особено го ваделе од такт. Целосно го загуби компасот, продолжи Мортон.

– Не знаеше каде попрво да оди. Во тоа време, се обидуваше да го пронајде своето место под сонцето како знаел и умеел. Тешко му било и да се помири со извесните работи кои животот му ги донесе и однесе, бил доста млад. Не бил Хари каков што денес го знаеме. Тоа како тој се однесувал денеска му има донесено разни епитети, раскажа биографот.

28.10.2021 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега