Принцот Чарлс се излечи од коронавирусот: „Чудно е и фрустрирачки, на сите ни е јасно дека ова е нешто ново“

Принцот Чарлс закрепна од инфекцијата Ковид-19, што пред неколку дена соопшти официјално и кралското семејство.

Чарлс, кој е прв во редот за британскиот престол, како што рекол, имал „благи симптоми“, а на Британците во светот им се обратил со порака која ја опшишал како свое  искуство во вирусот.

„На сите ни е ова нешто ново. Чудно е и фрустрирачки кога сте болни, а вашето семејство и пријателите не смеат да дојдат до вас у не можат да ви помиогнат. За среќа, немав тешки симптоми и добро сум. Во овие тешки времиња моите мисли  и мислите на мојата сопруга се со оние кои поради оваа пандемија изгубија некој близок. Како и со оние кои и самите се болни и кои се осамени и изолирани“, порачал Чарлс.

Инаку, тој се тесѕтирал кога дознал дека 62-годишниот принц од Монако бил позитивен на коронавирусот. Со него бил во контакт, поточно седел спроти него на еден настан во Лондон.

Обраќањето го искористил да упати и благодарност до здравствените работници, волонтерите,  но и соседите кои се грижат  за постарите цело време.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега