Прилепчанка никогаш не пропуштила да гласа - Оваа година гласа од дома

Во Прилеп денеска за претседателските избори гласаат 186 болни и изнемоштени лица, како и 70 затвореници.

Сите 142 избирачки одбора навреме го добија изборниот материјал. Според претседателот на избирачкото место 1368, Јане Петкоски, гласањето тече без проблеми.

– На избирачкото место 1368 право на глас имаат 352 граѓани запишани во Избирачкиот список. Изборниот материјал го добивме навреме. Денеска гласаат болните и изнемоштените и на ова избирачко место се запишани тројца, изјави Петкоски.

Своето право на глас денеска го остварува и 87-годишната прилепчанка Менка Николоска. Вели никогаш не пропуштила да излезе и да гласа на кој било изборен циклус. Сега прв пат гласа од дома.

– Никогаш не сум пропуштила да го остварам моето право. Гласам секогаш зашто сакам да биде подобро, вели Николоска.

Во Општина Прилеп се запишани 63.989 граѓани кои своето право на глас ќе го остварат на претседателскитеее избори.

Во Крушево ќе се гласа на 23 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 7.983 гласачи. Денеска гласаат 22 болни и изнемоштени лица. Во Долнени се запишани 11.502 избирачи кои своето право на глас утре може да го остварат на 40 избирачки места, а денеска да гласаат имаат можност 23 болни и изнемоштени лица. Во општина Кривогаштани во првиот круг од претседателските избори со право на глас се 4.678 жители кои ќе гласаат на 13 избирачки места. Денеска гласаат 23 болни и изнемоштени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2019 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега