Прилепчани не почитувале препорака за самоизолација- полицијата не ги нашла дома, а сега треба да платат по 3000 евра казна

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поднесе четири предлога за издавање казнен налог за четири лица, жители на Прилеп. Секој од нив во одделни случаи го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите  обвинети кои во државата дошле од различни држави, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишале изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не биле затекнати во нивните домови, па со тоа го сториле кривичното дело кое им се става на товар.

Обвинетите иако должни да ги имплементираат мерките определени во Писмена наредба на Министерството за здравство за сузбивање или спречување на епидемијата на коронавирусот – COVID 19, како и обврската од Изјавите за самоизолација, не постапиле согласно предвиденото со што го сториле кривичното дело.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп ги достави предлозите со кои предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 30 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега