Прилепчанец ветил визи за Америка, зел пари, а потоа почнал да им се заканува

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(38) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

„Во февруари 2019 пријавениот остварил контакт со Г.С.(62) и му ветил дека може да му обезбеди визи за САД за неговата ќерка и нејзиниот партнер. Потоа, во неколку наврати Г.С. му дал 1600 евра на Д.М., но и по една година визите не им биле обезбедени, по што ги побарал парите назад. Д.М. не му ги вратил парите, а кога му се јавувал на телефон, пријавениот му упатувал закани, по што случајот го пријавил во полиција“ стои во соопштението од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега