Приказна која растопи милион срца ширум светот: Куче веќе 18 месеци го чека сопственикот на местото каде загинал (ВИДЕО)

Куче во Грција скрши милиони срца ширум светот, откако беше објавено дека веќе 18 месеци седи покрај патот каде  во сообраќајна несреќа загина неговиот сопственик.

Бело кученце кое наречено 2Грки Хачико“, според легендарниот Акита кој поминал неколку години на станица во Јапонија чекајќи го својот сопственик во слична несреќа.

Имено ова кученце е во близина на градот Нафпактос и таму е повеќе од госина ипол, па и покрај напорите на локалните житело да го избркаат, тоа секогаш се враќа на истото место на кое неговиот сопственик загинал.

Трагичната смрт на сопственикот на кучето, 40-годишниот Харис, го потресе регионот на 9 септември 2017 година, по само неколку години откако неговиот брат починал во слична несреќа. Браќата ги загубија животите неколку километри од нивните домови, но во случајот на Харис, приказната стана уште потрагична, со оглед на тоа што неговото куче останало на патот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега