Пријави за подметнати бомби до неколку факултети во Белград
Дојави за подметнати бомби пристигнале попладнево на неколку факултети во Белград.
Студентите, вработените и сите присутни биле веднаш евакуирани , додека полициските проверки биле во тек.
Според огласувањата на граѓаните на социјалните мрежи, дојавите за подметнатите бомби стигнале до Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот и до Правниот факултет во Белград.
07.06.2023 - 17:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа