Пријавен во полиција вчерашниот инцидентот во Струмичката болница по смртта на деветмесечно дете

Докторка од Струмичката болница пријави вербални закани од непознато лице и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, по вчерашниот инцидент кога еден од роднините на деветмесечното бебе, кое почина во болницата, бурно реагирал.

Рендевска додаде дека пријава за смртта на детето нема, бидејќи од болницата во полицијата пријавуваат само доколку има сомнеж за насилна смрт.

Според лекарите, детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега