Пријавен случај на новата ковид варијанта БА4 во Албанија


Албанскиот Институт за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4.

– Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4″. изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.

Според неа се уште во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените.

– Продолжува висока позитивност на дневн ниво. Оваа позитивност се рефлектира и во зголемениот број на случаите на кои им е неопходен болнички третман. Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите, додаде Томини.

Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата.

Официјалната статистика објавена попладнево потврдува дека од тестираните 1.285 позитивен резултат е добиен кај 375 или 30 отсто од тестираните.

Но, бројката е многу повисока бидејќи дел се тестираат дома и се лекуваат во домашни услови, а други и не го прават тоа поради поблагите симптоми.

 

25.08.2022 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега